05.01.2024

Стоилковски: ДУИ делеше „европски„ тупаници од име на т.н. европска коалиција, со скриена поддршка од СДС

Почитувани,

ДУИ и СДС вчера си го покажаа лажното проевропското лице.

Вчера ДУИ делеше европски тупаници од име на т.н. европска коалиција, со скриена поддршка од СДС!

Беким Незири, предводник на тепачите, не е случаен човек, туку познат висок функционер на ДУИ.

Невозможно е тој да влезе на тој начин во М-НАВ без знаење и поддршка на директорите од ДУИ, од партиското раководство и секако од власта.

Јавно, додека таму стојат новинари, дури се држи прес конференција, силеџии на ДУИ, влегуваат да тепаат, вратите им се отвораат, а до сега никој не е уапсен, и нема ниедна оставка?

ОВА е вистинското лице на коалицијата што се затскрива зад лажни европски вредности!

Уште повеќе лажна поевропска е причината;   ДУИ веројатно во име на владата пушта тепачи во авиоконтрола, затоа што на оглас за работа не влегле партиските неспособни кадри. И ДУИ, од европската коалиција, пушта тепачи, а министерот од СДС, неспособниот Бочварски,  од проевропската коалиција, уште молчи. Уште молчи и Оливер Спасовски, министер за полиција. Тепачи влетуваат во контролна кула, тепале вработени во контрола за летање, а наместо итна акција на специјалните сили, нема полициска акција за расчистување на случајот.

Почитувани, се помалку од итно приведување на Беким Незири ќе е гола соработка со тепачите. Бараме итни неотповикливи оставки од директорите и членови на раководните тела на М-НАВ, како и оставка од неспособниот Благој Бочварски!

Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме.