09.08.2023

Стоилковски: Дали Фрчкоски со свој препознатлив стил на зборови до Ковачевски во септември лани рекол дека нема да врати 4.000.000 долари?

Почитувани,

Повеќе од една недела, Ковачевски и Османи кријат што се случува со 4.000.000 долари на сметка на Мисијата на Фрчкоски во Њујорк?

За потсетување,

На сметката на мисијата се префрлени пари од поделбата од продажба на имот на СФРЈ, префрлени се лани, по продажбата во септември.

Од тогаш, на два пати, во декември лани и јуни годинава, Фрчкоски како амбасадор добива официјални инструкции да ги врати парите во буџет на Македонија, но тоа тој не го прави!?

Почитувани уште нема одговор, како е можно амбасадор да не постапува по инструкции и да остане неказнет за тоа?

Како е можно да не враќа пари на граѓаните во буџет?

Дали е вистина дека конфликтот за парите трае уште од септември лани кога Димитар Ковачевски беше во Њујорк, а Фрчкоски со свој препознатлив стил на зборови му рекол дека нема да ги врати парите?

И по сето тоа Фрчкоски е неказнет.

Почитувани, вакво самоволие е недозволиво.

Фрчкоски беше одбиен да биде амбасадор во држава сојузник на Македонија, па беше испратен во Мисијата во ООН, да амбасадорува, сепак, во САД.

Кој и што e тоа што му дозволува вакво однесување на Фрчкоски, но и ваква понизност на Османи и Ковачевски кон самоволие на Фрчкоски?

Каде е Стево Пендаровски во сиот проблем?

Почитувани, Македонија и денес страда од транзициските олигарси коишто уживаат на грбот на народот!

Владата веднаш да соопштат за што се планирани овие пари?

Дали повторно на повидок е матна скапа зделка на Фрчкоски?

Ковачевски турка нови даноци, а Фрчкоски не му враќа пари, 4 милиони долари во буџетот, и ужива во неказнивост.

Прашање: Денес имате уште еден повик за да се приклучите кон Манифестот на парламентарните партии кои што го предложи власта. Велат дека Манифестот е потпишан, но и е добра основа да се разговара и дека се помалку шанси има ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се приклучи на тој европски блок. Дали размисливте и дали го разгледавте документот?

Одговор: На идентичното прашање од вчера, идентично ќе одговорам во целост:
Со овој чекор власта уште еднаш ја испушта можноста за консензус. Имено седнале Бујар Османи, Артан Груби и можеби Бојан Маричиќ напишале документ кој го насловиле манифест и откако самите го дефинирале го пуштаат во форма на соопштение преку сервисната служба на СДС до јавност со повик до ВМРО-ДПМНЕ да прифати веќе напишан документ. Освен тоа што со овој чекор тие признаваат дека не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, тие покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. ВМРО-ДПМНЕ откако официјално ќе го добие овој документ, ако воопшто има основа за разгледување, ќе го изанализира и ќе излезе со свој став.

Прашање: Тие нема да ви го испратат и велат дека документот е јавно објавен?

Одговор: Многу работи се јавно објавени. Се работи за повик кои што они еве веќе втор ден го упатуваат. Напишале документ кој што го нарекуваат Манифест. Го потпишале како што велите вие од голем број на политички лидери, а сега вториот ден го нарекуваат добра основа за разговор. Ќе повторам уште еднаш, покажуваат базично непостоење на капацитет за компромис и консензус. Седнале го напишале документот, го потпишале, го даваат во јавноста и бараат негово прифаќање. Воопшто не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, а покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие и официјално документот, ако има основа за разгледување, ќе го анализира и ќе излезе со свој став.