Почитувани,
Уште колку јавни настапи и требаат на Сања Лукаревска да каже по кој основ утврдила висина на данок кај ОКИТНА и ХАНТ ОСОЈ, ако контрола по две години и продадени фирми на непостоечки лица од Косово, УЈП нема пристап до деловните книги?
Уште колку интервјуа и се потребни на Сања Лукаревска да каже зошто ОКИТНА и ХАНТ ОСОЈ се на листа на должници со долг кон УЈП со идентични суми колку што им изнесувал повратот на ДДВ, како што покажуваат и записниците од контролите?
Уште колку ТВ настапи и требаат на Сања Лукаревска за да одговори, дали за една од овие две фирми кои пријавиле увоз од странство за поврат на ДДВ, Царина немала податоци за таков увоз, што покажува огромен криминал?
И најважно, по сето тоа Сања Лукаревска не одговара зошто не поднесува кривична пријава до ЈО? Поднесувањето до Финансиска полиција е половично читање на Законот.
Дали Сања Лукаревска ќе научи дека кога има законски одредби треба да се почитуваат, или и требаат обуки да ги чита законите цели, а не само до половина?
Го знае ли Сања Лукаревска Законот за ДДВ, член 60-а, кој се однесува токму на тоа: за поднесување даночна пријава со неточни податоци за да се стекне имотна корист и за тоа е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години. А втората алинеја на Членот вели дека ако износот е значителен, затворската казна е најмалку четири години.
За ОКИТНА и за ХАНТ ОСОЈ, се работи неточни податоци и пријави за поврат на 11 односно 12.2 милиони евра, искористено право на поврат на ДДВ пишува во контролата; Дали 23.2 милиони евра не е значителен износ за Сања Лукаревска?
Го знае ли Лукаревска Законот за ДДВ кој предвидува кривични и затвор за лажни податоци или и треба обука?
И во насока на директорувањето на Сања Лукаревска: Дали две години имало редовни контроли во овие две нови фирми, особено кога трговијата е со огромни суми, туку вонредна има дури по речиси две години? И дали е направена контрола и во другите семејни фирми на основачите на овие две фирми, кои и онака се познати по афера со поврат на ДДВ од 2020 година?
Неодговорените прашања може да водат до заклучок дека има обид да се забошоти криминал тежок над 22 милиони евра, заради близина со СДС и/или заспаноста на Сања Лукаревска?
Дали Сања Лукаревска ќе научи дека кога има законски одредби треба да се почитуваат? Оттука уште еднаш го повикувам ЈО да отвори истрага.
Никогаш не било полошо Важно е да ги поразиме!