Почитувани,
Од тука од брегот на Беровското езеро, од најновата градежна парцела на Стефан Богоев, идниот хотелиер, голтар па милионер, најновиот пример од СДС не ја повикувам ДКСК да отвори случај. Од тука од овие 7.000 квадрати купени по 400 денари до езеро, не го повикувам ЈО да отвори случај. Тоа ќе го сторат ослободени институции, за разлика од овие во служба на криминалот и корупцијата.
Стефан Богоев на една недела пред изборите, лани на 7ми октомври купува огромен плац до Беровско езеро, со популарно наречена, маркица за градба на хотел,- четирикатница за 400 денари по метар квадратен.
Богоев, потписник и соработник на рекетарската банда Меѓународен Сојуз, сега станува хотелиер. И понатаму за медиумите лаже, вели немал пари за градба, а веќе има градежна фирма и поднесено идеен проект.
Но, поинаку и не се очекува од СДС, од голтар до милионер во политиката, поинаку и не може од рекетарски договори, молк за дивоградби, молк за дилови на Весовски.
2021 октомври, по тешка здравствена криза, почнува сиромаштијата заради политиките на СДС, на една недела пред избори, Стефан Богоев, функционер на СДС, по бетонизацијата на Карпош, станува инвеститор хотелиер во Берово водено од СДС.
Е тоа е СДС, тоа е пример зошто СДС ги предаде националните интереси и зошто се потпишуваат договори за национален срам.
За хотели и богатства, за пусти пари!