Ковачевски и Арсовска ги навредија приватните превозници нарекувајќи ги багра.
Во отсуство на градоначалничката, заменик градоначалникот е тој кој ја менува и ги има ингеренциите. Вчера Данела Арсовска не беше на седница на Совет, нејзе ја претставуваше заменик градоначалникот Александар Трајановски. Тој од говорница ги вреѓаше приватните превозници нарекувајќи ги багра.
Ковачевски и Арсовска првин ги заглавија превозниците, натрупаа долгови и ги понижија, а сега ги вреѓаат.
Ова е лицемерието на Ковачевски и Арсовска. Од една страна ги канат на преговори, од друга страна ги шиканираат.
Данела Арсовска веднаш да се дистанцира од навредите на нејзиниот заменик и да се извини, а Ковачевски да ги осуди ваквите навреди кои доаѓаат од Арсовска. Во спротива ќе докажат дека целосно се согласуваат и дека навредите од заменик градоначалникот кон приватните превозниви однапред се договорени и одобрени од Димитар Ковачевски и Данела Арсовска.
Скопје наместо да се развива, тоне во мизерија и примитивизам на неговите први луѓе. Наместо проекти и дела имаме расправии помеѓу првите луѓе Арсовска и нејзиниот заменик со сите други, тргнувајќи од вработените во градот и претпријатијата, завршувајќи со приватните превозници.
Арсовска и нејзиниот заменик се деструктивни и не носат новини за градот, туку само поделби.
Скопје не смее да биде заложник на деструкцијата на Арсовска. Скопје заслужува да оди напред, со Арсовска тоа не е возможно.