22.11.2024

Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

На недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки не им е местото во Собрание. 

Некултурно и девијантно однесување не смее да се толерира на ниедно место, а најмалку во законодавниот дом.

Собранието е место кадешто демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените. 

Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка. 

Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња., внимавајте што ви излегува од уста! 

Тоа најмногу говори за вас.

Срамота!