Почитувани,
СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира. Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата.
Ова е извадок од интернет страница на СДС, името на Виктор Димовски како член на ИО на СДС е веднаш зад тогашниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски.
Виктор Димовски е исто толку СДС колку што се и Зоран Заев и Венко Филипче.
Виктор Димовски е чист партиски кадар на СДС, и тој ја партизираше службата и стави под прогон голем број професионалци.
Со Виктор Димовски на чело на безбедносната служба ни се случуваа скандали како Онишченко, се издаваа пасоши на белосветски наркобосови и криминалци.
СДС нема кредибилитет да зборува за АНБ, затоа што тие ја партизираа и го кородираа системот на националната безбедност.
АНБ и АР работеа за СДС наместо за граѓаните.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ воведува професионализациjа во службите за безбедност. АНБ и другите служби ќе работат за граѓаните.