Почитувани,Како поминуваат деновите после лидерската средба, толку власта станувапонервозна, а нивните изјави стануваат се поапсурдни.Веќе им е јасно дека двотретинско мнозинство за Уставни измени под овиеуслови и под бугарски диктат немаат и нема да го имаат. Но сега се обидуваат да сеатмагла, да купуваат некој ден повеќе и да ја замајуваат и домашната јавност имеѓународните претставници.Вицепремиерот за европски прашања Мариќиќ најави дека иницијативата зауставни измени ќе се нашла пред пратениците за неколку недели.Ние го охрабруваме да не губи недели, туку уште утре да го донесе предлоготво македонскиот парламент, да го стават на гласање и да се види како ќе му поминатизмените кои на сила сака да ги направи.Чуму тој театар кој ќе трае со недели? Доколку нема да поминат, тогаш воинтерес на Македонија и на граѓаните е час поскоро да се оди на избори.Целиот ќорсокак во кој се наоѓа Македонија е резултат на катастрофалнатаполитика и апсурдните чекори кои ги водеше оваа власт на ДУИ и СДС.Тие наместо да се свестат и да ја прифатат подадената рака, продолжуваат содеструктивната и нелогична политика. Па така слушаме изјави од владинифункционери од типот “Уставните измени се прифатени, а предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се неприфатливи“.Епа и Маричиќ и Ковачевски и СДС треба да знаат дека такви манипулативни иапсурдни изјави не поминуваат во јавноста.Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е концизна. Дадени се два предлози и доколку СДСи Ковачевски не ги прифатат, нема никаква поддршка бидејќи овие предлозиовозможуваат и евроинтеграции и заштита на македонскиот вековен идентитет и јазик.Ковачевски и Маричиќ наместо времето да го губат во тоа кој повеќе ќе јаманипулира и ќе ја замајува јавноста, попаметно ќе им беше да дадеа конкретенодговор кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за нив и на тој начин да застанатзад националните и зад државните интереси.