07.09.2023

Панова: СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш

СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш.
СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на сите криминали кои ги прават во изминатите 6 години. Со измени во Кривичниот закон се брише ставот 5 од членот 353 кој ја санкционира злоупотребата на службената положба и овластувања при вршење јавни набавки или на штета на Буџетот и на јавните фондови за кој беше предвидена казна од најмалку 5 години затвор, максималната казна затвор за злосторничко здружение се намалува од 10 на 3 години, а се укинува и проширената конфискација за нелегално стекнат имот.
Овие законски измени се за аболиција на сите министри и директори на СДС и ДУИ од 2017 година до денес, за сите тендери и набавки во РЕК Битола, ЕЛЕМ, М-НАВ, МВР, буквално за сите кои беа извршители и испумпуваа буџетски пари во милионски износи.
СДС и ДУИ се спремаат за опозиција, знаат дека нема да ги имаат обвинителството и судовите под нивна контрола кога ќе се смени власта, а со тоа не можат да прават притисок да не бидат покренати обвиненија и да бидат осудени, и токму затоа ги намалуваат казните.
На сето ова параван е Левица, која не гласаше против, и не направи ништо конкретно во Собранието против носење на овој закон.
Ковачевски е лидер на СДС кој има за цел да обезбеди амнестија за сите нивни функционери и да си замине, а Апасиев му е спотер во целиот процес, како човек кој преку Шарената револуција ги донесе на власти го овозможи подоцнежниот грабеж кој се случи.
И СДС и ДУИ, но и нивните спотери од Левица треба да знаат дека одговорност ќе има и ќе одговараат, без разлика и колку амнестии да си донесат или закони да си сменат.