Прашање: Стево Пендаровски вели дека опозиционери го консултирале за амнестија на Груевски. Дали тие лица за кои што зборува се обратиле и кај вас?
Одговор:Пендаровски да престане да се користи со флоскули и титули, туку јасно да излезе во јавноста кои тоа се консултирал со него за амнестија, во спротивно ќе го сметаме за уште една пласирана лага од него. За жал претседател на државата е фикус на власта и претседател лажго.
Прашање: Го делите ли ставот со партиите од албанската опозиција дека измените на КЗ се за амнестија на Груевски и 2/3 мнозинство за уставните измени?
Одговор:ВМРО-ДПМНЕ е голема партија со свои јасни ставови. Измените на КЗ се за амнестија на власта, обид да се спасат од одговорност, 6 години ја водат државата во криминал, корупција и сиромаштија и за тоа ќе одговараат!