Огромно задоволството е да се отвори овој настан организиран од нашиот политички подмладок, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и ЕДС која е најголемата студентска организација во Европа, но најбитно со официјалната студентска организација на Европската народна партија чија што членка е и ВМРО-ДПМНЕ.
Сметаме дека на овој настан придонесуваме кон добрата соработка со европските земји бидејќи сите претставници тука се или од земји членки на Европската Унија или од земји кои претендираат да станат некој ден членки на ЕУ.
Младите од ВМРО-ДПМНЕ праќаат порака дека тие се позади принципиелно членство на Македонија во Европската Унија, базирано на вредности, базирано на правила и принципи.
Исто така радува што овој настан се реализира и со огромна поддршка на фондацијата Конрад Аденауер, верен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, партнер кој постојано вложува во градење на капацитетите на нашата политичка партија.