14.02.2024

Мицкоски од Кавадарци: Посакувам добар род, висока откупна цена на лозарите, само така ќе се подобри состојбата економијата и земјоделието

Добар ден и од мене, благодарност до градоначалникот на поканата да бидеме денеска овде во Кавадарци и заедно со лозарите да го прославиме овој значаен ден, за овој крај, за Тиквешијата посебно, Св. Трифун.

Она кое што јас можам да го кажам е да им посакам добар род, да им посакам висока откупна цена, цена која што ќе одговара на потребите на лозарите, цена која што ќе овозможи секоја народна година да го зголемуваме родот, а на тој начин и да ја зголемуваме и подобруваме состојбата на лозарите и нормално перформансите во македонската економија и земјоделие.

Навистина денеска е прекрасен ден овде, претходно бевме и во Неготино. Она кое што може да се забележи кај жителите во овој дел од Македонија е огромната желба и порака дека потребни се промени. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ како што кажа градоначалникот, влада која што ќе додаде вредности и ќе ги подобри условите на лозарите, а со тоа практично уште еднашка ќе повторам ќе се подобрам и перформансите во македонската економија. Она кое што може да се забележи и во општина Неготино и во општина Кавадарци е трансформацијата која што овде се случува благодарение на градоначалникот овде во општина Кавадарци и во општина Неготино, големиот број проекти реализирани. Јас му честитам на Митко за сето она кое што го прави овдека во општина Кавадарци, голема благодарност и до мнозинството и до администрацијата која што се поддршка на работата на градоначалникот и убеден сум дека граѓаните тоа ќе го препознаат, а за 84 дена од денеска или за 70 дена од денеска ќе го поддржат кандидатот за претседател на Македонија, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, идниот претседател, но и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи идната влада.