Добар ден и од мене.
Би сакал да изразам, навистина, чувство на големо задоволство што овдека во Општина Зрновци иако, би рекол, мала по број на жители сепак градоначалникот има амбициозен план и амбициозна агенда и голем дел од проектите што беа ветуване за време на кампањата на локалните избори во 2021 година веќе се реализирани или се ви фаза на реализација.
Сакам да му честитам на Борче, на тимот во општината, на советниците, на луѓето кои што се дел од администрацијата затоа што само посветено, храбро, чесно пред се, тоа е многу важно, чесно пред се да покажеме дека не сме сите исти, додека овие во владата на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер СДСМ гледате како на дневна основа местат тендери во четири очи. Во општини помали во Македонија како што е еве, да речеме, Општина Зрновци сепак со едно храбро, посветено и чесно работење и невозможното може да стане возможно, односно да се градат милионски проекти, се разбира, кои што значат само додадена вредност во квалитетот на живот на луѓето од Општина Зрновци.
Во оној неформален дел од прошетката низ овие проекти сретнавме многу мештани кои што го изразуваат своето задоволство од сработеното. Има ниви кои што во минатото не биле изорани, не биле обработени затоа што немале достап до вода, а сега со овие инвестиции веќе и тоа станува возможно, така што би се зголемило производството на земјоделски производи, а со тоа ќе се зголемат и доходите на поголем број семејства од овде, од Општина Зрновци па и од регионот.
Уште еднаш ќе ми дозволите на крај да му честитам на Борче. Да повторам дека вака треба да продолжиме и во периодот кој што следи. Само вака можеме да ја вратиме довербата кај граѓаните и да го спречиме, прво да го намалиме а подоцна и да го спречиме разочарувањето кое што за жал е се поприсутно, а тоа резултира и со големо отселување. Така што, уште многу вакви проекти и уште многу, многу добри работи да се прават овдека во Општина Зрновци, посакувам.