16.08.2023

Мицевски по координација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Останува континуираниот став –  Измени на Устав под бугарски диктат и ваков формат нема да има, истото ќе го повториме и на пленарна седница

Почитувани,

Денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ имаше редовна координација овој пат пред самата седница каде што е предложена точката за уставни измени. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат под бугарски диктат не се можни и нема да поддржиме.

Впрочем нашиот став е кажан и на Комисијата за уставни измени, каде аргументирано кажавме дека власта турка процес кој што не е поддржан од граѓаните. Истото ќе го повториме и на пленарната седница.

Оваа седница ќе биде добра можност да се увери целокупната јавност дека власта цела една година лаже, манипулира и сее маглаоколу уставните измени и дека не се ни блиску до уставни измени.

Тоа значи дека власта е разголена и нема друг адут освен лагите и манипулациите. Ова се случува секогаш кога народот ќе се потцени, и кога личните интереси ќе ги стават пред тие на државата. Тие цела година купуваа време со очекување и сега стануваат жртва на сопствените лаги. Дозволија државата да ја стават во подредена позиција и да ја донесат во слепа улица.

После ова очекуваме одговорност.