Почитувани,
Откако Димитар Ковачевски е премиер граѓаните и фирмите се соочуваат со ценовен шок. Само за период од неколку месеци цената која ја плаќаат граѓаните за струја е зголемена за 50%. Тоа значи ако пред нецела година сте плаќале 3.000 денари, сега плаќате минимум 4.500 денари. Ваквиот негативен тренд на покачување ќе продолжи и во зимскиот период особено за домаќинствата кои се греат на електрична енергија. Исто така, цената за сметките за струја која ја плаќа бизнис секторот е зголемена за 400%. Тоа значи дека доколку некое мало или средно претпријатие до пред неколку месеци плаќало сметка од 5.000 евра сега плаќа најмалку дваесетина илјади евра сметка за струја.
Овие бројки дотолку се лоши за фирмите кои имаат производството и на кои цената на струјата во голема мера им влегува во трошоците за производство и финалната цена на производот. Македонските фирми кои и онака плаќаат дупло поскапи цена на струја во однос на нивните колеги од регионот се уште по неконкурентни на странските пазари или доколку сакаат да бидат конкурентни треба да работат со загуба. А, во најлош случај, имаме бројка од над 5.500 правни субјекти кои ги затворија своите бизниси поради оваа состојба.
На ваквата состојба предупредуваат веќе и стопанските комори, a бројот на фирми кои што за жал ќе ги гледаме како затворени се повеќе ќе се зголемува во периодот што следи. Затоа итно е потребно зголемување на домашното производство на електрична енергија која може да се постигне со веќе предложениот план на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски до власта. Истиот опфаќа планирано и зголемено ископување на јаглен и дополнителна навремена набавка на истиот од држави во соседството, правилно димензионирање на производството од хидроелектраните, набавка на доволна количина на мазут за целосна работа на ТЕЦ Неготино, ставање на земјата во квотата за гас со Унгарија или Австрија. Така, цената за струја која ја плаќаат домаќинствата нема повеќе да се зголемува, а бизнисите ќе плаќаат 3 до 4 пати поевтина струја. Ќе се заштедат милиони евра од буџетот и илјадници работни места ќе бидат зачувани.
СДСМ за ова не размислува, дополнително одбива предлози само од хир, уверува дека ќе обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија за кое нема план, нема стратегија и истото резултира со високи сметки на грбот на граѓаните и бизнис секторот. За нивниот криминален и коруптивен пристап кон енергетскиот сектор одговорност мора да има.