31.08.2023

Митева: Дали Османи ќе го раскине договорот со Еуровиа сега кога знае дека фирмата е најголем донатор на ДУИ?

Почитувани,

Најдобро ќе беше за Бујар Османи никогаш да не го коментираше скандалозниот тендер од 1,8 милиони евра доделен на Еуровиа ДООЕЛ зстоа што после неговата изјава само повеќе прашања се отворија за јавноста, но и конечно самиот  Османи ја потврди вистината која ја зборуваме со денови.

Османи, прво изјави, цитирам: „Знам дека не ви се верува, јас од медиуми дознав дека фирмата е донатор на ДУИ“.  Воедно Османи, повеќе од 20 години или е министер, или портапрол или потпретседател во ДУИ. А дополнително, со оваа изјава тврди дека наводно дознал за донацијата од медиумите.

Веќе со следната реченица од изјавата, се потврдува дека Османи лаже затоа што вели, цитирам повторно: „Не бев среќен кога ми го донесоа извештајот за рангирање, оти ги очекував ваквите реакции“. Од ова тврдење може да се заклучи дека Османи знаел дека фирмата е донатор уште пред да го потпише договорот затoa што рангирање според најниска цена се доставува до раководно лице пред потпишување на договор.

Како втор факт, Османи треба да и одговори на јавноста зошто донацијата која ја добила ДУИ, а била над законскиот лимит не била вратена на донаторот во рок од 15 дена како што е пропушано согласно Законот за финансирање на политички партии, туку е вратена после една година од донацијата. Османи и ДУИ треба да да и одговорат на јавноста кога ја вратиле донацијата, дали тоа е направено после објавување на овој скандал во медиумите или некое време пред тоа.

Власта на СДС и ДУИ додека викаат „Фатете го крадецот!“, самите тие се крадецот, потонати во криминал и корупција.

И за крај, Османи е должен да одговори што ќе прави понатаму, бидејќи еве до сега не знаел, а сега знае, научил која е фирмата. Прашањето е што ќе преземе сега, дали ќе го раскине договорот кој што претходно го потпишал, или да бидеме по прецизни дали смее да го раскине истиот тој договор кој го потишал со таа фирма донатор?