Почитувани,
Џафери си го приватизира Собранието и уште еднаш покажа власта дека се плаши од народ и затоа беа приморани да измислат небулозни причини да ја отфрлат иницијативата за Референдум.
Работа на претседател на Собрание не е да толкува Устав, тоа е работа на Уставниот суд.
Отфрлањето на иницијативата за Референдум е поради измислени и противправни причини
Референдум на државно ниво може да се распише и за потреба од ратификација на меѓународни договори и за други прашања од надлежност на Собранието односно претходен Референдум и за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓани за други прашања за кои одлучувало Собранието тоа е дополнителниот Референдум, ова е чл.24 од Законот за референдум, кој Талат Џафери вчера со неговата одлука за отфрлање на Иницијативата за распишување на Референдум за поништување на Законот за ратификација на договорот со Бугарија го прекрши.
Одлуката на Џафери за одбивање на одлуката е незаконска.
Антимакедонската СДС и ДУИ преку Талат Џафери прават правни гимнастики за да го избегнат народот, затоа што знаат дека над 60% од Македонците го поддржуваат и ќе излезат на Референдумот кој би се организирал.
Објаснувањето на Џафери со кое ја отфрла Иницијативата е правно неиздржано, небулозно, и не содржи правна подлога. Спасувањето на Ковачевски од дебакл го направил со целосно кршење на законите и Уставот.
Прашањето на ВМРО-ДПМНЕ не ја менува содржината на договорот, туку го оспорува законот со кој се ратификува билатерален договор и се прогласува за важечки на територија на Република Македонија со сила на закон. Со поништување на Законот за ратификација на договорот, истиот ќе престане да важи за Република Македонија, зашто согласно нашиот Устав меѓународните договори мора да бидат ратификувани како закони. А, со тоа и ќе престанат сите негации на Македонија за јазикот, историјата и идентитетот, и би се пристапило кон репреговарање, но достоинствено.
Власта со отфрлањето на Иницијативата бега од народот затоа што се свесни за две работи. Првата е затоа што знаат дека ќе има излезеност, втората е затоа што знаат дека народот е против Договорот со Бугарија, кој е извор на асимилација која СДС и Ковачевски ја спроведуваат.
Талат Џафери со оваа своја одлука, наместо чувар на Уставот, стана шампион во кршење на истиот.