22.05.2023

Марков: Здравствениот систем во Републик Македонија моментално егзистира единствено врз грбот на здравствените работници, власта ништо не направи за подобрување на условите

Здравствениот систем во Републик Македонија моментално егзистира единствено врз грбот на здравствените работници. Тоа е видливо и во разговорите со пациентите, но и од разговорите со сите медицински професионалци независно на кое ниво работат. Моментално, моменталната влада на Македонија нема преземено ниту една мерка независно дали се работи за системска или интервентна да подобри било какви услови во било која болница во било кое населено место, во било кој град во Република Македонија. Сѐ што слушаме моментално од власта во Македонија е тоа дека нешто се спрема, дека нешто се готви, дека нешто само што не дошло, но финалниот резултат никако да го видиме. Нема ниту еден импут кој што ќе биде додадена вредност за да може да се намали јазот на релација лекар пациент, така што и пациентите се оставени без соодветна здравствена услуга, но и лекарите се оставени да работат во лоши услови во кои што недостасуваат и технички и просторен и секаков потенцијал, истакна д-р Петар Марков на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Политики за рестартирање на распаднатиот здравствен систем“.Тој исто така додаде дека пандемијата ги покажа сите нефункционалности на здравствениот систем и докажа дека лоша власт може да биде посмртоносна од било кој инфективен агенс кој што е познат за медицинската јавност.„Самата Ковид пандемија, всушност ги покажа сите нефункционалности на здравствениот систем од преголемиот стрес од инфлуксот на пациенти. Не направи штета на системот кој веќе беше руиниран, туку само покажа сѐ што до моментот се криеше зад прес-конференциите и зад изјавите на челниците на власта во тие моменти, а тоа е уште еден доказ дека лоша влада, лошо здравствено раководство може да биде посмртоносно од било кој инфективен агенс кој што е познат за медицинската јавност“, потенцираше Марков.Тој укажа и на потребата од воведување кариерен план со цел да се мотивираат професионалците да останат да работат во македонскиот здравствен систем и да не зависат од од расположението на номиналните носители на раководните функции на здравствените установи.„Потребно е за да се мотивира секој професионалец да остане да работи во здравствениот систен на државата, воведување на кариерен план во којшто секој поединец нема да зависи од желбата или од расположението на номиналните носители на раководните функции на здравствените установи. Неговиот напредок не треба да зависи само од тие, заради што таквите најчесто спроведуваат партиска политика која што е многу далеку од реалната потреба на самите пациенти. Потребно е воведување на систем во којшто индивидуалниот труд на секој медицински професионалец ќе се валоризира врз основа на неговата стручност, на неговиот научен придонес, но и на квалитетот и обемот на здравствената услуга која што ја дава на пациентите“.