19.11.2024

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделие, фокус модернизацијата и наводнувањето

Почитувани,

Предлог Буџетот за 2025 година предложен од Владата во делот на МЗШВ е зголемен за 5% во однос на Буџетот од оваа година.

Владата со Буџетот за 2025 година става акцент на земјоделието и неговата модернизација.

До година преку МЗШВ продолжуваат активностите за рехабилитација и  модернизација на системите за наводнување, проширување на постоечките и  изградба на нови системи за наводнување.

Во 2025 година се предвидува реализација на инвестиции и проекти од областа на   водостопанството, како што се изградба на: брана Конско, изградба на брана на Оризарска Река и  ХМС Равен – Речица, Полог.

Се предвидува рехабилитација и изградба на четири  системи за наводнување во рамки на речниот слив на Вардар ХС Лисиче, ХС Конско,  ХС Пепелиште и ХС Јужен Вардар.

Со поголема достапност на вода за наводнување до земјоделците, го правиме земјоделското производство поконкурентно и порентабилно.

Владата ќе продолжи со исплаќање на заостанатите субвенции од време на СДС во наредниот период, а од до година субвенциите правовремено ќе завршуваат на сметка на земјоделците.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за подобро земјоделие и враќање на достоинството на земјоделецот.