15.12.2022

Коцевски: Спасовски со свој потпис го назначил Бесфор Аме, кој одлежал затвор за криумчарење, на командирска позиција на ГП Блато

Почитувани,

Оливер Спасовски на командирска позиција во РЦ Запад, на ГП Блато назначил осудено лице кое веќе лежело затвор за криумчање и злоупотреба на службената положба. Оливер Спасовски наместо да се извини и да го разреши Бесфор Аме осуден криминалец со одлежан затвор, тој го штити.

Вчера објавивме дека со потпис на Спасовски, Бесфор Аме, дел од аферата “Милка” кој како полициски службеник овозможил криумчарење на стока од Македонија во Албанија е назначен на командирска позиција во РЦ Запад, ГП Блато. A Оливер Спасовски наместо да го разреши и понесе и самиот одговорност, се крие зад соопштенија.

Имено сегашниот командир на ГП Блато, Бесфор Аме во 2013 година на граничен премин во оперативна акција е документиран, а потоа и обвинет и притворен, за на крај и осуден со казна затвор за криумчарење и злоупотреба на службената положба и овластување.

Бесфор Аме е правосилно осуден, и истиот одлежал и 3 ипол години затвор, затоа што како полициски службеник бил дел од аферата “Милка” во која полициските службеници земале по 3.5 евра по килограм добиток за шверц на истиот преку граница од Македонија во Албанија.

Денес ќе објавиме докази од таа акција. Еве ги професионалците на Спасовски.

Ова е Бесфор Аме, назначен на командирска позиција во ГП Блато со поптис на Оливер Спасовски. Ова ли се професионалците во МВР? Со вакви луѓе на врвни позиции во МВР не е чудо што имаме нарушена безбедност.

Спасовски да каже, дали Бесфор Аме е назначен за командир на ГП Блато за да може да продолжи со прекуграничен криминал?

Спасовски не смее да молчи. Наместо празни деманти и соопштенија Спасовски веднаш да го разреши Аме.

Доколку не го разреши тој само уште еднаш ќе потврди дека МВР е претворено во дувло за заштита на криминалци, а вистинските професионалци се потиснати.