01.08.2023

Кирков: Данела Арсовска да ги прекине скапите прошетки и да одговори за поморот на животни во Зоолошката градина

Почитувани,

Скопје не се развива по програмата „За модерно Скопје“ туку Скопје е темен град, град заробен од неспособноста на Данела Арсовска која со нејзиното водење на градот го уназади истиот во секое сегменти.

Покрај колапсот на секое поле и низ сите јавни претпријатија која ги води Арсовска и нејзините кадри, за жал на ред дојде и скопската Зоолошка градина и животните во неа.

Во скопската Зоолошка имаме помор на животните и епидемија!

Сведоци сме на последните немили  случувања во скопската Зоолошка каде истава установа која беше радост за сите генерации, место кое го посетуваа и туристи, установа која беше една од најпосетуваните установи во Македонија  по само 2 години владеење на Арсовска оваа установа се претвори во место во кое слободно ќе кажеме е куќата на стравот, установа која е пишувана низ светските медиуми како место кое е логор за животните и установа која не ги задоволува основните карактеристики за да биде дел од Европската асоцијација за зоолошки и аквариуми и токму затоа го загуби и статусот на потенцијална членка.

Во последниве месеци имаме голем помор на животни и сето тоа пред целокупната јавност умешно низ ПР пропаганда се сокриваат причините за истото. Пред само 24 часа Скопје ЗОО ги загуби 3-те коњи од расата ПРЕЖЕВАЛСКИ КОЊ кој важат за едни од најретките коњи во светот кои се вистинско богатско и раса која е пред исчезнување и заштитена со закон.

И додека Арсовска која зема плата 2.000 евра и во моментов повторно е на посета по скапите метрополи и после 24 часа, немаме никакво известување од ПР службите на оваа установа, ниту од Град Скопје, умешно се молчи со цел да се сокријат причините за смртта на коњите и целокупниот помор кој што се случува во моментов во скопската Зоолошка градина.

Од тука јавно сакаме да ја прашаме установата Скопје ЗОО и Данела Арсовска како одговорна, ако на секои 3 месеци се распишува тендер за набавка на свежа храна во износ од 10-тици илјади евра, како истото е можно и зашто животните се хранат со донирана непроверена храна за која не постои технолог вработен во оваа установа за проценка на квалитетот на храната и дали треба да се хранат животните со истата, каде завршува храната која редовно се дистрибутира од постапките кои што се со завршен тендер и потпис?

Дали поморот на животни се должи од нездравата исхрана со која се прехрануваат животните? Дали паталошкиот наод од смртта на жирафата покажа бактерија салмонела која исто е создадена од неправилна расипана исхрана?

Почитувани,

Бараме веднаш итна истрага за сето ова кое се случува во оваа установа, нашите сомнежи се издржани низ овие прашања, ги повикуваме државните институции веднаш и детално да ги испитаат овие наоди како и јавно да се произнесат за епилогот од истото.

Ја повикуваме Данела Арсовска да се врати веднаш од скапите патувања низ европските метрополи и за сето ова кое се случува во скопската Зоолошка градина целиот тим кој таа го постави со менаџерски скапи договори за плата, веднаш да си поднесат одговорност и неотповикливи оставки!