Почитувани,Принципот на „Прв дојден – Прв услужен“ кој што го применува власта вонајвисоките правосудни органи не запира и зема се’ поголем замав.Најверојатно Советот на јавни обвинители ќе ја доживее истата судбина искандал како и Судскиот совет.По неуспехот и криминалот во СЈО, скандалозниот избор на уставни судии попартиска линија, по скандалот во Судскиот совет и уште многу други вакви негативнипримери, на менито на власта за партизација дојде и Советот на јавни обвинители.Имено овде во Собранието, парламентарното мнозинство, очигледно понаредба и притисок од Владата и Бихаќка, спротивно на сите процедури и Деловник заработа на Собранието, во скратена процедура и набрзина сака да избере член наСоветот на јавни обвинители без притоа да дозволи широка дебата и по останатитекандидати за членови на овој совет.Очигледно, на власта и гори под нозе и навистина многу и се брза. За нив веќеодамна не се важни ниту транспарентноста, ниту процедурите и Деловникот, туку самопартиските агенди и наредби.Ова јасно покажува дека во власта владее голема паника, хаос и безидејност.Наместо професионализам, стручност и способност, власта преку пратеницитеод мнозинството по којзнае кој пат одлучија главен и единствен критериум во Советотна јавни обвинители да биде токму спротивното, а тоа е нестручност,непрофесионалност и неспособност.Токму затоа, довербата на граѓаните во правосудството е на ниво на статистичкагрешка односно мизерни 3%.Токму затоа, над една половина од јавните обвинители немаат доверба воСоветот на јавни обвинители дека Советот работи согласно законските надлежности.Дополнително, за скандалот да биде уште поголем, кандидатот кој што сакаатда го назначат за член на Советот за јавни обвинители е поранешен вработен во СЈО соисплатен огромен милионски хонорар.Целата македонска јавност многу добро памети чија испостава беше СЈО, како ина кој начин работеше таа вештачка креација и на крајот како и каде заврши таа инејзините вработени и раководни лица.Значи, човек кој претходно работел во институција полна со неуспех, криминали корупција, сега ќе биде човек кој ќе треба да избира, разрешува или распоредувајавни обвинители.Едноставно, со ова власта упатува јасна порака до сите дека единствен начин зауспех и напредок во кариерата е да бидеш нивен добар и слеп послушник, наместо даработиш чесно, макотрпно и професионално. Тоа е принципот на функционирање наВладата во целиот овој изминат период од 6 години. Затоа државата е дојдена на овакатастрофално ниво на секое поле од нашето секојдневие.Почитувани,Во Македонија одамна нема владеење на правото и правната држава иединствен виновник за ова е токму власта предводена од ДУИ и СДСМ.Но, доаѓа времето кога ќе ја вратиме државата на правиот пат и сите ќебидат еднакви пред законите и ќе одговараат за своите дела.


