18.10.2022

(ДОКУМЕНТ) Трипуновски: Фирма за пелети блиска до Николовски купува дрва од Македонски шуми 10 пати поевтино од народот, и книжи милиони, ЈО да отвори истрага

Почитувани,

Слабата реализација на ЈП Македонски шуми, кои оваа година не обезбеди ниту 20% од потребната дрвна маса, што e далеку од потребната количина, ако се земе во предвид дека во државата скоро 50 проценти од домаќинствата огревното дрво го користат како главен енергенс, покрај тоа што има за цел да ги насочи купувачите кај одредени приватни стоваришта, ја вивна и цената на дрвната маса во плафон, што резултираше со поскапување на цената и на пелетите.

Власта и во пелетите власта виде бизнис, па гледаме како се распродава дрвна маса по цена 10 пати пониска цена од пазарната на фирми блиски до власта,  за истите потоа да направат пелети и да инкасираат милионски добивки.

Почитувани,

Ова е еден од  договорите кој ЈП Македонски шуми го склучила со фирмата Еко Лајф ДООЕЛ, за сеча во Свети Николе, фирма која важи за блиска до Љупчо Николовски. Со овој договор ЈП Македонски шуми продава 3.165 метар кубен дрвна маса по цена за метар кубен од 300 денари за чемпрес и 525 денари за црн бор.

Да почитувани граѓани, добро слушнавте, еден кубен метар дрвна маса по цена од 300 и цена од 525 денари, за фирма блиска до власта во услови кога еден кубен метар огревно дрво се продава и по цена над 5.000 денари.

Доколку власта навистина водеше грижа за граѓаните тогаш ова дрво наместо да се понуди на граѓаните со ниски примања кои не можат да си дозволат да се снабдат со доволна количина огревно дрво, за полесно да ја поминат зимата се дава на фирма блиска до власта и Николовски.

Но, очигледно е дека на власта не и е приоритет народот кој не може да си купи дрва и едвај преживува, туку бизнисот и процентите.

Имено, вкупната цена на дрвната маса од договорот е 1.578.250 денари за 3165 м3, и според пресметките ќе се добие околу 650.000 килограми пелет. Ако оваа количина ја помножиме со цена од 30 денари за килограм пелет доаѓаме до сума од 19.500.000 денари.    

Дополнително, истата фирма има добиено договор за сеча во Делчево за 35.000 метри кубни дрво, од што би се добиле над 7 милиони килограми пелети, или ако се земе во предвид дека просечната цена на еден килограм пелет е околу 30 денари, фирмата ќе инкасира над 200 милиони денари.

Само со овие два договори, власта овозможува чиста заработка од над 3 и пол милиони евра за фирмата Еко Лајф блиска до Љупчо Николовски и СДС.

Го повикувам Јавното обвинителство да отвори случај и да утврди зошто ЈП Македонски шуми не обезбедило доволно дрвна маса во своите складишта?

Зошто реализацијата е скоро 4 пати помала од време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт?

Дали зад сето ова се крие бизнис со цел вештачки кревање на цената на огревното дрво и пелетите, и овозможување на бизнис за фирми блиски до власта?

Дополнително, Николовски наместо да бега мора да одговори зошто ги остави граѓаните и домаќинствата на самиот почеток од грејната сезона без огревно дрво, а прашање е дали воопшто и ќе го има до крајот на зимата.

Одговорност мора и ќе има кога тогаш!

Линк од видео материјал: