Почитувани,
Очигледно СДС многу повеќе се занимава со производство на лажни вести поврзани со уставните измени, отколку што се занимава со решавање на економските проблеми во државата.
За Ковачевски приоритет е да ја убедува јавноста во лажната вест дека ВМРО-ДПМНЕ наводно прифаќа уставни измени под бугарски диктат од тоа да се одглават евроинтегративните процеси и заштити националното достоинство на народот и државата.
За СДС поважни се лагите од среќата и напредокот на народот.
Тоа што СДС е принудена да лаже за уставните измени, да шири паника и очај е најдоброто признание дека СДС нема никаков поинаков план освен да турка уставни измени под бугарски диктат што значат капитулација на државата.
Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ опфаќаат начини како да се дојде до забрзана европска интеграција, ДУИ да оди во опозициjа по две децениски грабеж и да се зачува достоинството на државата.
ВМРО-ДПМНЕ предлага одложено дејство на уставните измени кои ќе бидат ефективни после завршување на преговорите со ЕУ и влез на Македонија во Европската Унија. На тој начин притисокот е кај другата страна, и ова ќе биде гаранција дека нема Бугарија да ја кочи државата на патот кон ЕУ.
Одложеното дејствo на уставните измени не е кршење на преговарачката рамка, туку напротив ќе се гарантира дека ќе нема дополнителни уставни и идентитетски отстапки.
Првиот предлог е формирање на преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ,
Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ поддржана од опозицијата.
Наспроти разум, власта нуди лаги.
Ковачевски против Ковачевски. Ковачевски рекол, Ковачевски порекол. Прво кажа дека лидерската средба е неуспешна, дека нема отстапки, потоа лаже дека има одговор и лаже дека уставните измени се прифатени. Згора на тоа формирал и работни групи.
Очигледно Ковачевски ќе направи се за да ги спаси ДУИ да оди во опозиција.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. БЕЗ ОДЛОЖУВАЊЕ да кажат кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за Димитар Ковачевски, овој пат очекуваме одговор без лаги и спинови.