20.09.2022

(ВИДЕО) Ковачки: Ковачевски освен дезертер е и лажго, разобличен со факти: Еднаш вели дека е трајно неспособен поради операција, друг пат поради учење школо

Почитувани,

На чело на државата имаме премиер, кој е трајно неспособен. И тоа го потврдува, како што кажаа и од Министерството за одбрана воената евиденција.

Освен тоа што Ковачевски е дезертер тој е и лажго. Прашањето е кога ја лажеше јавноста, кога вели дека е трајно неспособен поради медицинска евиденција пред 20 години или кога вели дека дезертирал зошто учел факултет. Еве ги фактите:

Вчера и дезертерот Ковачевски призна дека бил трајно неспособен поради медицински операции.

Тој кажа, цитирам : „Никогаш ниту сум избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Се злоупотребува последователна хируршка интервенција од пред 20 години“

Но, пред само 6 месеци на прашањето дали служел воен рок, тој кажа дека не служел затоа што бил на студии, а кога завршил со студирањето повеќе немало обврска за служење војска.

Еве што кажа тогаш.

Прашањето е:

Кога ја лажеше јавноста, тогаш кога кажуваше дека не служел војска затоа што студирал или сега кога вели дека бил ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН?

Имено, дека премиерот дезертер Ковачевски е неспособен потврдија и од Министерството за одбрана, кои го потврдија документот објавен на социјалните мрежи, од кој јасно се чита дека премиерот е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Едно е јасно, дека дезертерот Ковачевски треба веднаш да си даде оставка од премиерската позиција затоа што е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН да ја извршува функцијата премиер.

ТРАЈНАТА НЕСПОСОБНОСТ не може да се отклони, последиците од истата може само да се влошуваат.

Ова е втор претседател на СДС, кој е неспособен, првиот беше Заев.

И едниот и другиот се штета за Македонија.