Почитувани,
Како што најавив и претходно дека ќе објавам еден поголем скандал, денеска во јавноста ќе откриеме голем, сомнителен случај, за незаконито работење на службите и кадрите на власта. Практично целата таа корумпираност на овој систем на власта која што ја води СДСМ се одразува на тоа да излегуваат се поголеми скандали во јавноста. Ќе поставиме денеска прашања, на кои власта мора да одговори, а јавноста заслужува да ги чуе тие одговори.
Имено, според информациите до кои што дојдовме, се работи за непречено функционирање на дива болница во центарот на Скопје, благодарение и со премолчување на власта и кадрите поставени од СДСМ.
Според нашите информации, очната болница на Промедика, која е во склоп на медикал центар поликлиника Промедика и се наоѓа во строгиот центар на градот Скопје кој што не може ниту еден инспектор или било кој вработен во министерството да ја промаши, функционира и врши дејност оперативни зафати, без потребни лиценци кои што мора да ги има согласно Законот. Свесно или не, поликлиниката медикал центар Промедика го прекршува Законот за здравствена заштита, каде што здравствена дејност во Република Македонија може да вршат и приватни установи кои работат врз основа на добиена лиценца (член 13 став 3) и кои што може да вршат услуги од областа на секундарното здравство како специјални болници (член 36), што укажува на следното дека приватни болници се основаат врз основа на утврдени критериуми, по чие што исполнување и констатирана проверка за нивната исполнетост од страна на луѓето односно фирмата која што сака да отвори приватна установа, за потоа да добие дозвола од страна на министерството за здравство за вршење на одредената дејност со точно наведена листа на здравствени услуги. Значи се исполнуваат критериуми, се врши од страна на министерството и инспекторатот проверка дали се исполнети условите и веднаш потоа се издава лиценца. Оттука, контролата врз работата на тие приватни установи болници, треба да ја врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат како орган во состав на министерството за здравство.
Според нашите информации кои што ги имаме и ги поседуваме, инспекторите од Здравствениот инспекторат уште пред неколку години донеле одлука за затворање на оваа очна болница која што работи во склоп на поликлиниката Промедика, која работи под неколку имиња или правни подсубјекти, кои што може да се видат и по рекламите дали по социјалните мрежи и медиумите. Но, корумпираноста на институциите и кадрите со кои што раководи СДСМ го спречува затворањето на болницата и овозможува нелегално и диво работење и оперирање во оваа иста болница.
Оттука произлегуваат неколку прашања и тоа поучени по примерот на претходниот случај кој што излезе во јавност со друга приватна болница, сега власта треба да одговори на следните прашања:
Дали директорката на Здравствениот инспекторат Ирина Бухова и претходно министерството ја штитат оваа болница од затворање и прекинување на нејзиното нелегално работење и практично нелегално вршење на дејност и оперативни зафати?
Дали оваа очна болница во склоп на Промедика работи нелегално без добиените потребни лиценци односно без потребните лиценци кои што ги нема добиено бидејќи не ги исполнува сите услови?
Ако работи нелегално, кој би сносил одговорност доколку се случи пропуст или несреќен случај при некој од оперативните зафати?
Многу важно прашање, дали и како наплаќа оваа очна болница на Промедика односно поликлиниката Промедика за услугите во очната болница, за оперативните зафати, од едноставна причина што доколку нема лиценца за вршење оперативни зафати, не е даночен обврзник и практично дали од тука потекнува и произлегува најтешкото економско кривично дело, затајување данок и перење пари? Бидејќи тие луѓе кои што ги користат услугите можеби не знаејќи дека оваа болница работи нелегално и диво, плаќаат за тие услуги. И како болницата ги пријавува тие пари кои што се платени за услугите за кои што не поседуваат лиценца?
Почитувани,
Ова се прашањата кои што треба да ги одговорат институциите.
Ова е криминал од огромни размери, каде што здравството уште еднаш за жал потврди дека е руинирано и нефункционално.
СДСМ и власта воведоа пракса на криминал и сериозна тешка корупција и повеќе никому не му е гајле за законите. Ова не е прв случај на сериозен криминал, на сериозен скандал и на сериозна корупција во министерството за здравство. Вакви случаеви дали со помал или со било каков интензитет гледаме наназад со години откако СДСМ раководи со институциите.
Свесни ли сме кој се работи по болниците, ова е најважното прашање за јавноста, а притоа не знаеме дали тие болници имаат лиценци и дали имаат законски исполнети услови?
Практично оваа власт на СДСМ доведе да не знаат граѓаните каде се сѐ лечат.
Почитувани,
За овој скандал, веднаш треба оставки од луѓето кои што го штитат криминалот и треба одговорност! Никој не смее да биде над законите и никој не смее да прави што сака без разлика дали е стручен или не. Најважно е дека треба било која приватна здравствена установа да исполнува услови, а понатака институциите треба да си ја завршат својата работа. Овој случај нема да го оставиме така и потребна е одговорност.