Имаме случаеви со ЈП кои сега се принудени да ја набавуваат струјата по 7 пати поскапа од колку лани, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски на денешната собраниска седница наменета за поставување пратенички прашања.
Тој потенцираше дека благодарејќи на нивното домаќинско работење оптимално користење на ресурсите со крајно посветена работа досега успеаја да издржат а да не ги поскапат досега драстично цените на услугите.
„Цело време повикуваа на помош од Владата, во пресрет на тоа излезе и ВМРО-ДПМНЕ со измена и дополна на законот за енергетика каде Јавните комунални претпријатија, здравствените установи и образовните институции треба да бидат изземени и вратени на регуларниот пазар“, рече Јаревски.
Тој посочи дека ризикот и неизвесноста постојат, но сега тоа зависи од посветениот или не посветениот однос на Владата
„Затоа ме интересира каков одговор ќе има Владата или што размислува во поглед на ова прашање, бидејќи нашиот предлог веќе го поставивме со првиот сет на мерки“, запраша Јаревски на првото упатено прашање.
Второто нивно прашање, кое го постави Јаревски е дали ќе се обезбеди гас да грејната сезона во топланите Исток, Запад и Север или повторно ќе се користи мазут за затоплување на водата?
„Ја разбирам загриженоста нивна бидејќи од она што го искажа Владата немаме детали и сеуште не се дефинирани рокови, не знаеме начин, не знаеме цена. ВМРО-ДПМНЕ и за ова предложи решение се надевам дека крајно ќе се биде присебно и дека ќе се прифати подадената рака и конечно ќе ги увидат можностите за кои станува збор“, кажа Јаревски.