16.07.2022

Јанушев: Ќе си лежите сите до еден за предавство, ќе си лежите и ќе си одговарате сите до еден, затоа што големо ни е името, нацијата, големо ни е наследството, Македонецот е горд, и Македонецот ова нема да го дозволи

На денешната седница во собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев истакна дека СДСМ од сега се СДС-Бугарска, а на претседателот на владата и сите од власта им порача дека  ќе си лежат сите до еден за предавство, ќе си лежат и ќе си одговараат сите до еден, бидејќи македонскиот народ е трпелив, македонскиот народ тоа го покажал низ историјата, но македонскиот народ е и кроток, и македонскиот народ знае да прости но за некои работи нема простување.

„Не планирав да се обратам и воопшто да се обратам на оваа седница бидејќи со овакви однародени изроди не планирам да се занимавам и да зборувам. Но не можев да издржам и затоа решив да се јавам на реплика за да кажам неколку работи. Да јас разбирам дека за вас е прифатливо тоа што сакате денес да го гласате бидејќи за вас не е проблем да биде јазикот на граѓаните на Република Северна Македонија бидејќи тоа сте вие. Однародени мрсници. Да, да те гледам во очи и ти кажувам дека сте однароден мрсник бугарски. Од сега сте СДСБ, СДС-Бугарска, ништо повеќе и ништо помалку“ истакна Јанушев.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев нагласи дека ќе си лежат сите до еден за предавство, ќе си лежат и ќе си одговараат сите до еден затоа што големо ни е името, голема ни е нацијата, големо ни е наследството, Македонецот е горд, и Македонецот ова нема да го дозволи.

„И ова што го правите сега е исто како она што го правевте минатите денови за луѓето што гаѓаа со јајца од протестите определувавте притвор, а за оние со пиштолите кај Скендербег излезе дека биле со цвеќе. Срамота патетични сте, изгубени сте и само да ве потсетам една работа која што колегата Ковачки ви ја кажа пред два дена, ќе си лежите сите до еден за предавство, ќе си лежите и ќе си одговарате сите до еден. Да читајте книга претседателе на влада, климајте со глава и смејте се, тука ви е Тупанче прашајте го, ова согласно кривичен закон што го правите е велепредавство, за ова се одговара, и ќе одговарате сите до еден. Македонскиот народ е трпелив македонскиот народ тоа го покажа низ историјата, но македонскиот народ е и кроток, македонскиот народ знае да прости но за некои работи нема простување. Затоа што не сме ни глупи не сме ни слепи, луѓето кои што излегуваат позади, и кој што ви кажуваат да кажете не, еден ден а тоа ќе биде многу брзо ќе дојдат по своето. Затоа што големо ни е името, голема ни е нацијата, големо ни е наследството, Македонецот е горд, и Македонецот ова нема да го дозволи “ истакна Јанушев.