29.12.2022

Ѓорѓиевски:Во населба Усје се отвара нова детска градинка која ќе згрижи околу 100 дечиња

Почитувани претставници на медиумите, почитувани мои сограѓани, најпрво да се заблагодарам на медиумите за вашето одвоено време и  интересот за  денешниот објектот наш којшто го ставаме во функција односно нова детска градинка на територијата на општина Кисела Вода.
Јас пред година дена во предизборието се обврзав дека листата на чекање на дечињата и така би сакал еве предновогодишно да го споменам тоа бидејќи за мене е многу важно што решаваме еден сериозно  горлив проблем и за родителите и за нашите најмлади, дечињата, но и за бабите и за дедовците. Иако имавме листа од 420 дечиња за коешто се обврзавме јас и мојот тим да за 4 години ја сведеме на 0, морам да истакнам дека изминатава година, годинава која што поминува ова ни е втор објект кој што го отвараме на територија на општина Кисела Вода и во моментов на листата за чекање имаме помалку од 80 дечиња. Исто така работиме на уште еден објект на територијата на општина Кисела Вода, тоа е објектот „Кокиче“ кое што го прошируваме и го адаптираме за да може од пролет да прими 150 дечиња што значи можам со гордост да истакнам дека со нашата заложба  изминатава година целосно до пролет успевавме да го решиме проблемот долгогодишен, горлив, децениски би кажал, а тоа е околу згрижувањето и негата на нашите младите, а тоа е дечињата во градинките. Овој објект денеска којшто веќе од јануари средината ќе започне да функционира и да ги прими, да ги згрижува дечињата главно којшто живеат во населба Усје, во населба Градинари, во населба Стаклара има капацитет од околу 100 дечиња да згрижи и е изработен, изграден по сите стандарди, ги исполнува сите услови и морам да истакна исто така дека е првиот целосно инклузивен објект на територија на општина Кисела Вода. Опремен е како што споменав по сите стандарди и е вистински украс овде во населбата Усје, од еден руиниран објект кој што беше старо училиште во минатото успеавме да направиме објект со којшто и ние и нашите сограѓани овде се гордеат.
Освен нашите активности поврзани со овој објект, како што можевте да забележите сеуште не сме финиширале со градежната офанзива која што се води овде во Усје околу изградбата на улиците нови. Значи јас како што се обврзав до некаде крајот на пролетта сите улици во Усје ќе ги асфалтираме. Најголем дел сега се асфалтирани во моментов, но останатите до крајот на  пролетта ќе бидат завршени, но изминатиот период направивме една целосна реконструкција на едно детско катче, така што нашиот концепт е од населба во населба да се движиме и целосно да ги обезбедуваме и да ги опремуваме населбите да се реализира сето она што години наназад за жал не било реализирано.
Јас сум лично задоволен од сето ова што го сработивме, особено за овој велелепен објект овде кај кој што се наоѓаме денес и се надевам дека од средината на јануари ќе се слушаат детскиот џагор и ќе биде тоа на општо задоволство. Сакам да се заблагодарам на сите, еве и на директорката за целиот нејзин ангажман. Морам да истакнам исто така дека и на Советот се заблагодарувам за тоа што не пратат и во секоја постапка ни помагаат за сите проекти вака успешно да се реализираат. Исто така би истакнал дека овој проект и објект е целосна инвестиција на општина Кисела Вода, на што сме горди ете како тим.