Почитувани,
Го прочитавме соопштението на студентски отпор и мора да се согласиме дека нивните барања се рационални и оправдани.
ВМРО-ДПМНЕ е партијата која го слуша гласот на студентите и им излегува во пресрет кога е најпотребно.
Загрижени сме од односот на власта кон студентите кои се 50 илјади на број. Тие се иднината на секоја држава и не смее да се почуствуваат дека власта ги остава на цедило. Огромен е бројот на македонци кои студираат по странски универзитети, а доколку нема значителни промени кај нас дома тој број само ќе се зголемува. Условите со кои се соочуваат студентите е една од најголемите причини за иселувањето на младите.
Поради погоре наведените причини пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе ги поднесе следниве амандмани:
– 100 милиони денари за реконструкција на студентските домови
– 100 милиони денари за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови
– 200 милиони денари за еднократна финансиска помош за сите ученици во основно и средно образование кои доаѓаат од семејства со примања до просечна плата
– 200 милиони денари за покачување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари.
– 300 милиони денари за унапредување на науката и научно истражувачката работа.
Ги повикувам пратениците од мнозинството да се охрабрат и да ги прифатат овие амандмани за младите да имаат подостоинствени услови во услови на најголема инфлација, која во моментов изнесува 20%.