Предложените закони за експропријација како и законот за работни односи, поднесени заради Договорот со Бехтел и ЕНка кој го случи владата се неуставни, и од власта презеле обврски за кои државата ќе плати пенали, иако знаеле дека се неуставни. За вакви договори и закони ќе има одговорност, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
Стојаноски посочи дека поднесениот Закон за експропријација има два спорни члена, член 2 каде веднаш во владение се предава имотот подложен на експропријација и без одлуката да стане правосилна, а во членот 3 каде се израмнува статусот на легалните и бесправно изградените објекти.
– Јавноста треба да знае дека на овој начин исто ќе се обесштетуваат и легалните и нелегалните градби. Според она што го кажаа владините функционери 45% од трасата ќе поминува на приватен имот, доколку се знае каде поминува тоа значи дека во наредниот период може да има наплив на дивоградби и согласно предложениот закон да добијат обесштетување како легалните кои платиле давачки и извадиле дозвола, рече тој.
Стојаноски посочи дека ништо нема да ги спречи оние кои се блиски до власта а поседуваат имоти, да почнат да градат карабини за да веднаш потоа добијат обесштетување.
– Со ваков закон ќе се сруши целиот плански развој и нема да има никакви потребни од урбанистички планови. Прашањето ми е кои се последиците преземени од договорот доколку овој закон не се донесе во ваква форма? – изјави тој.
Стојаноски во репликата до Ковачевски кој не даде соодветен одговор откри и скандал за јавноста
– Во предлог законот, се додава нов став 2 кој гласи дека за изградба на објекти и инфраструктурата од стратешки интерес, а за реализација на проект од капитални инвестиции од стратешко национално значење за Македонија на стратешкиот партнер ќе му се даде во владение експропријаниот имот веднаш штом одлуката стане конечна без истата да стане правосилна. Во 2010 Уставен суд има донесено одлука каде подеднакво иста ваква одредба ја има укинато затоа што една од темелните вредности на уставниот поредок е правната заштита на сопственоста. Што значи дека законот за експропријација како и законот за работни односи е неуставен, презеле обврски за кои државата ќе плати пенали, а знаеле дека се неуставни, изјави тој.
Во второто прашање до министерката за труд и социјална политика Стојаноски посочи дека во самиот договор има одредби кои укажуваат дека само 30% од работниците ќе бидат од домашниот пазар, тоа значи дека 70% ќе бидат од странство, тоа значи дека од целата сума 70% ќе завршува во странство и работниците не треба да вадат работна виза и дозвола за престој и ако некој бил безбедносен ризик тоа прашање не се решава.
– Кога сите синдикати се на нозе, а со овој закон ќе се воведе 12 часовно време во текот на денот и 60 часа неделни, рече тој.
Во репликата до Тренчевска тој појасни дека по години стои колку работници ќе бидат вработени домашни а колку странски работници, а истакна и дека ќе има одговорност за ова.
– Груби затоа што многу се буни нека одговори кој и зошто предложил закон спротивно на одлука на уставен суд и се согласил да плати големи казни. Ти ќе бидеш првиот што ќе оди во затвор. За вакви договори и ваков закон нема да има милост и ќе има одговорност за сите што го случиле овој договор, да се плаќаат пенали со народни пари за некој а се богати, рече тој.
Во врска со трето прашање тој рече важно е да се знае дека со обврските од договорот.
– Од датумот на потпишување се земени обврски и една од тие е дека до 6 мај да се исплатат 53 милиони евра пенали за Бехтел и Енка затоа што до 22 април не е сменет законот за работни односи, и државата исто ќе плаќа пенали од 1 милион и 265 илјади евра секој месец затоа што обврската не е исполнета, а предвидено е и 900.000 евра месечно додека законот не е донесен, изјави Стојаноски.