Почитувани,
Мафијата на власт губи контрола.
Македонија стана дувло на криминалци и заложник на мафијашите и
подземјето контролирани од Оливер Спасовски и СДСМ.
Имено, последната жртва на ордите на власта и цел на нападот е пратеник од
пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“. Овој
гнасен и кукавички чин претставува директен напад и обид за заплашување како на
пратениците, така и на граѓаните.
Но ова веќе станува редовна пракса и метод на работа на СДСМ. За
потсетување, ова не е прв пат власта да удри врз народните избраници. Пред околу
година и половина, на истиот пратеник му беше опожарена викендицата за што
виновниците никогаш не се пронајдоа, туку напротив мафијата повторно и во тој случај
доби заштита од Оливер Спасовски и СДСМ. Да биде трагедијата уште поголема, овој
случај експресно, за само 6 недели беше затворен и заведен како „несреќен случај“
иако во куќата подолг период немало електрично напојување.
Исто така, македонската јавност се сеќава и на опожареното возило на еден
опозициски пратеник од Струга, како и опожарениот семеен дуќан на уште еден
опозициски пратеник од Скопје.
Вака криминалците од СДСМ владеат со државата. Партнерството на СДСМ со
мафијата е реалност и секојдневие на сите граѓани.
Почитувани,
Народот живее во страв за својата безбедност, ама затоа криминалците на
СДСМ живеат без гајле.
Токму затоа, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на
Македонија“ бара веднаш отворање на истрага и брза реакција за пронаоѓање на
виновниците бидејќи токму МВР, Спасовски и СДСМ многу добро ги знаат
извршителите на овој кукавички чин.
Дополнително, за овој напад и удар врз демократијата и граѓаните ќе ги
известиме сите релевантни меѓународни институции и амбасади со цел осуда и
разрешница на ваквите грозоморни и гнасни методи на заплашување од страна на
власта.
На крајот, од оваа говорница, целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и
коалицијата „За обнова на Македонија“ и сите пратеници кои стојат зад мене, сакаме
да им порачаме на власта и криминалците кои ја водат државата дека ова нема да не
поколеба и исплаши, туку напротив ќе не поттикне уште повеќе и посилно да се
бориме против кукавиците и мафијашите кои ги држат во заложништво граѓаните,
институциите и државата.
Ви благодарам.