Почитувани,Јасно е дека СДС и ДУИ немаат мнозинство за уставни измени. Власта есоголена, откако сами го создадоа проблемот, без да прифатат помош од ВМРО-ДПМНЕ во преговорите, сега повторно арогантно и на штета на државните интересиодбиваат да прифатат еден од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ.СДС и Ковачевски молчат во однос на предлозите.Нејасно е зошто СДС не прифаќа предлози, кои значат брза интеграција наМакедонија во Унијата и заштита на идентитетот.Дали проблемот е тоа што ДУИ треба да оди во опозиција или проблем се новиотстапки кои имаат во план да ги прават?Уште еднаш јасно и недвосмислено порачуваме.ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени под бугарски диктат. Единственначин за излез од кризата е прифаќање на еден од двата предлози.1. Преодна влада без ДУИ и уставни измени со одложено дејство со влез наМакедонија во ЕУ.2. Избори на есен, а потоа која и партија да е во опозиција да ги поддржиследните чекори на Владата пред да се гласаат уставните измени, а тоа се барањегаранции од ЕУ институциите за заштита на македонскиот многувековен идентитет,барање финансиски пакет-помош за македонската економија и граѓани, барање одБугарија да имплементира барем 3 пресуди на Европскиот суд за човекови права заправата на Македонците.Нејасно е што од овие предлози е проблематично за СДС.Не разбираме дали СДС има проблем со зајакнување на гаранциите задржавата или со тоа што ДУИ ќе оди во опозиција.Дали СДС е заложник на ДУИ заради меѓусебни корупциски зделки? Или пакпланира да го срози македонскиот идентитет менувајќи го Уставот сега и оставајќи простор во тек на преговорите со Европската унија, Бугарија да не’ блокира секогашкога сака и со тоа да ја принудува Македонија целосно да си го уништи идентитетот?Време е Ковачевски и СДС да сфатат дека времето за зачувување наидентитетот и интеграција е сега. Потоа, само тие ќе бидат виновни за сите порази.