Навистина сум разочаран и чувствувам огромна потреба да го искажам моето незадоволство од односот на оваа криминална Влада воопшто кон граѓаните на Република Македонија а посебно кон најтешките пациенти во државата односно болните од канцер. Зарем е малце она што го преживуваат и доживуваат во изминатиот период пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија, па сега така ладнокрвно, нехумано и нечовечки да се одбие така еден вака хуман предлог за некој 20 милиони денари за подобрување на условите на овие пациенти, болни лица. Сите знаеме дека голем дел од нив можеби во овие нечовечки и нехумани услови кои моментално владеат во Клиниката за онкологија и радиотерапија некои ги преживуваат и своите последни денови, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески на собраниска седница во Комисијата за финансирање и буџет.
Тој запраша за тоа дали зарем е малце она што како власт го сервирате и направивте на овие болни лица со најскадалозната и најгрозоморната афера во историјата на здравството на Република Македонија?
„Па зарем немавте во себе и малку човечко нешто па да дозволите од Буџет од 5,5 милијарди евра некои си 20 милиони евра за подобрување на условите во болницата каде најтешко болните во државата можеби ги живеат и последните денови а некои бараат искра надеж, спас за продолжување на својот живот, на своето подобрување на своето здравје она што со Устав му се загарантирано право“, кажа Ристески.
Тој продолжи и додаде дека 20 милиони денари се премногу за оваа власт, а не се многу милиони, милиони евра кои ги краделе во изминатиот период на грбот на овие пациенти.
„Ладнокрвно тука слушавме како се кршеле закони, законски одредби, се набавувале лекови без консултација со стручен колегиум, без распишување на јавни набавки, без дозволи од ФЗО на Република Македонија, министерот Филипче со директорот Васев на онклологија си распишувале тендери за една година во висина од 40 милиони евра, а 20 милиони денари за подобрување на условите на болничкото одделение во Клиниката ви се премногу. Се што е во интерес на граѓаните и се што треба да се направи во интерес на пациентите, а каде нема можност добро да се заработи односно да се наполнат приватните џебови нема средства“, изјави Ристески.
Тој потенцираше дека треба да се засрамат сите тука што ладнокрвно одбија еден хуман предлог.
„Еве уште еден доказ за граѓаните на Република Македонија да видат со какви луѓе, односно нелуѓе си имаат работа. За тоа кој заработува и кој краде врз нивниот грб, а кој се грижи за нивното здравје и нивните животи. Сето тоа е докажано преку неприфаќањето и одбивањето на ваков еден хуман предлог“, заклучи Ристески.