17.02.2023

Петрушевски: СДС за пари и власт се ќе направат, заслепени од пазарот, заборавија дека останаа без министер за правда и пропадна еврообврзницата

Толку се неспособни покренаа иницијатива за издавање на еврообврзница, ангажирале брокерска куќа, тоа чини пари и заслепени од обидот да го зголемат парламентарното мнозинство и пазарењата заборавиле дека во министер и заменик министер во правда поднеле оставка. Толку се неспособни што две недели нема систем за здравствено осигурување, не функционира, нема плати, исплати, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната собраниска седница.

Тој посочи дека СДС функционира со пазар, без никаква чувство за почитување на законските норми во Македонија, без никакво почитување на Уставот и тоа е се, само не европска вредност.

– СДС се ќе направат за да останат на власт, да им се каже дека треба да бидат за Русија или Индија да останат на власт тие ќе го сторат тоа.  За власт и пари се ќе продадат, нагласи тој.

Додаде дека не постои држава во Европска Унија каде министер на своја рака си носи одлуки, само за СДС да остане на власт, да можат да уживаат во благодетите, да се богатат на грбот на народот дури се спремни да го продадат сопственото и најсветото.

– Расправаме за разрешување на министерот Алими кој претходно го фалеа, се работи за министерот кој на своја рака си го толкува законот и проценил дека во балансерот требало да ги стави процентите од пописот 2021 од дијаспората, иако во законот стои дека треба да биде од резидентното население. Тој си проценил дека наместо 24,3%, си ставил 31,55% Албанци во балансерот, затоа што Албанците масовно се иселуваат од Македонија благодарение на „успешните политики“ на Али Ахмети и Артан Груби, рече Петрушевски.

Петрушевски посочи дека министерот си продолжи со своето и покрај укажувањата на државниот завод за статистика.