Повеќе од јасно е дека и власта станува свесна за фактот дека и се ближи крајот па затоа денес си создава законска рамка со која утре ќе ја избегне кривичната одговорност. За да биде уште по интересно или уште по сомнително дури и министерот за правда не стои како потписник на ова законско решение, туку ја пратил заменичката. За јавноста да потенцирам дека со овој закон кој го носат со брзина на светлината се предвидени помали казни за злоупотреба на службената должност која цело време ја прават, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска на денешната собраниска седница.
Таа запраша за какво усогласување со европското законодавство, какви црни камења? Ова ли е правда, ова ли е мир, колеги?
Таа е децидна дека со овој закон низ само 2 члена ќе се ослободат оние кои нивните функции ги злоупотребиле за да прават криминал.
„Наместо да се зафатите со борба против криминалот, вие го правите сосема спротивното го амнестирате истиот. Не оставивте ниту еден единствен основ врз основа на кој оваа држава може да се нарече правна. За волја на вистината оваа Влада која самата себе си се прогласи за храбра, најхрабра е кога треба да се ослободат криминалците“, кажа Петкоска.