„После целиот циркус наречен разрешување на членови на влада денес следува точката за назначување на членови. Имајќи предвид кој разрешува и кој назначува, едно е сигурно од целава работа, граѓаните нема да ги нахранат ниту тие што станаа ниту овие што ќе седнат. Циркус, затоа што замислете неколку денови говориме за разрешување на министри за кои не чувме зошто се разрешуваат, наспроти тоа овие министри кои што денес се предложени сите топтан треба да ги дискутираме затоа што така си одлучил величенствениот Талат кој деловникот на највисокиот законодавен дом си го толкува кога како ќе му текне“, нагласи Петкоска.
Петкоска додаде и дека неизбран премиер разрешува, неизбран премиер назначува, а не деловнички избран претседател на Собрание толкува деловник, и затоа сме до ова дереџе, затоа државата тоне.
„Неизбран премиер разрешува, неизбран премиер назначува, не деловнички избран претседател на Собрание толкува деловник, затоа сме до ова дереџе, затоа државата ни тоне. Целиот овој хаос се пресликува во институциите“, кажа Петкоска.
„Ваков апсурд нема никаде во светот. Ваква влада ќе биде предмет на истражување долго, долго после нас. Едни стануваат други седнуваат никој за ништо не одговара. Тотално безредие и хаос. Новите кандидати за министри унапред знаеме дека се нечесни и неспособни затоа што да се нафатиш да бидеш дел од нечесен и неспособен тим значи дека ти и самиот си таков. Или како што кажа големиот вицепремиер утрото клептоманот гледа клептомани крадецот гледа крадци. Кренар Лога, Фатмир Меџити Азир Алиу и Каја Шукова ќе имаат многу работа секако ако бидат изгласани. Според некои извори за кои ќе кажам дека се неофицијални Кренар Лога кој по дефиниција треба да се бори за владеење на правото би го советувала ако седне на министерското место веднаш и без одлагање да ги расветли најпрво случаите за сопствениот брат. Имено братот на Кренар Лога е осомничен за најстрашни дела кои не сакам ни да ги изговорам овде бидејќи се навистина страшни. Велам дела не дело што значи ги има повеќе“ истакна Петкоска.