Ангелинка Петкова, пратеник во Собранието на денешната собраниска расправа потенцираше дека владата на СДСМ и ДУИ го злоупотребува користењето на европското знаменце и тоа е се побројно.-Денес расправаме за предлог законот за изменување и дополнување на законот за експропријација по скратена постапка, како и претходните закони за коридорите 8 и 10Д така и овој е со европско знаменце. Злоупотребата и користењето на европското знаменце за донесување на важни закони од страна на оваа влада на СДСМ и ДУИ е многубројна. Иако беа предупредени од европската комисија и од Гер, тие го продолжија својот пат на носење закони со европско знаменце и без јавна дебата, се повикуваат на европските регулативи, но табелата која се приложува и со овој закон е празна. Очигледно е дека владата предводена од Ковачевски и Груби свесно го злоупотребуваат европското знаменце и предлагаат закони кои се противуставни, потенцираше таа.Пратеничката во текот на своето обраќање укажа дека потребно е граѓаните да знаат каде се трошат нивните пари.-Власта само декларативно се залага за ЕУ, а во суштина ја злоупотребуваат затоа евроскептицизмот е се повеќе присутен кај граѓаните во Република Македонија, затоа граѓаните се сомневаат во договорот и нормално е да знаат каде се трошат нивните пари. Не е нормално да се плаќаат повеќе пари на километар автопат сега за разлика од порано. Не е нормално да се плаќаат пенали на уште незапочнат проект. Не е нормално да се злоупотребува знамето на ЕУ при носење на закони со кои треба да се задоволи криминалот на владата, рече таа.Петкова порача дека сите овие години кога власт се СДСМ и ДУИ постои тотална незаинтерсираност за инвестиции во сите области на инфраструктура.-Велите дека Република Македонија со својата географска позиција има стратешка улога во јакнење на економскиот раст во регионот. Но вие како влада на СДСМ и ДУИ што направивте за да може таа позиција да се истакне. Сите овие години ги поминавте во комплетна незаинтерсираност за суштински инвестиции во сите области на инфраструктура, независно дали станува збор за патната инфраструктура или за железничкиот сообраќај. Фамозните 600 километри автопати и експресни патишта кои ги најавувавте како инвестициски бум во предизборната кампања до ден денес не ги гледаме, затоа народот едноставно не ви верува, додаде таа.