22.02.2023

Панова: СДСМ си ги погази сите принципи и ветувања, укинувањето на министрите без ресор беше едно од главните ветувања на СДСМ

„Укинувањето на министрите без ресор беше од најгласните ветувања на СДСМ но и еден од клучните принципи при формирањето на претходната влада. Не знам зошто Ковачевски упорно избегнувате да кажете зошто го разрешувате овој министер кога ова би требало да биде вашата најлесна работа. Дали сте виделе дека за овој министер дека за тоа што тој бил задолжен до сега постои една посебна национална стратегија за соработка со дијаспората од 2019 до 2025 година. Ама очигледно вие оваа национална стратегија воопшто ја немате погледнато“, нагласи Панова.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Панова истакна дека начинот на кој што функционира оваа влада е преку ухлебување на сопствените кадри и задоволување на партиските апетити.

„Зошто ви е овој акциски план кога од сето ова нема ништо. И затоа најлесно ќе ви беше да заборавете на овој министер едноставно согласно ветувањата на СДСМ го укинуваме ова место меѓутоа не вие си молчите бидејќи сметате дека можеби ова место ќе ви притреба во наредниот период со цел да ухлебите уште некој, за жал тоа е принципот на кој што функционира оваа влада“, истакна Панова.