Сте размислиле ли некогаш зошто баш за вас било климнато за вас таа вечер. Треба да внимавате кога добивате подарок особено од некој кој е сериозно и длабоко искуство на тема владеење со систем и подземја и над земја дури и до степен на спојување на двете, му порача Рашела Мизрахи, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на Димитар Ковачевски.
Мизрахи го праша Ковачевски дали заборавил кога редовно го посетувал штабот на ВМРО-ДПМНЕ и дали ја заменил реториката ако не можеш да ги победиш, тогаш приклучи им се само за да е блиску до власт па без разлика која и да е.
Оној заменик министер кој седеше со вмровците исчезна преку ноќ, па останува прашањето дали ја игравте реториката ако не можеш да ги победиш, приклучи им се или е истиот рецепт со кој редовно сте ја посетувале белата палата и сте присуствувале на сите настани на ВМРО-ДПМНЕ со насмевка, само да сте блиско до власта па која и да е, рече таа.
Мизрахи рече дека во државата се случува тотален колапс во сите сфери.
Премиере сивата економија ви цути, инфлацијата јаде живи луѓе, собранието ви гласа заеми за плати, здравството е во колапс, образованието не образува никој оти нема книги, историјата ви ја дискутираат на кафе пиење по комшии, животната средина ви стана дива сеча и јами за отпад, вели Мизрахи.
Мизрахи нагласи дека со промена на власта ќе има одговорност за владеењето на СДС и Ковачевски.
Ковачевски вие не бркате никакви ЕУ иднина. Вие само ја матите водата, што поматна мислите дека ќе имате повеќе шанси за бегство, истакна таа.
Ова ќе заврши. Вистината е дека ништо од минатите 6 години нема да мине без казна, а таа казна ќе биде системска, финансиска и и општествена, му порача пратеничката Мизрахи на Ковачевски.