„Дали Таравари влегува во оваа влада за да го поддржува криминалот и корупцијата на оваа неспособна влада. Втората дилема која што ја имам во врска со кандидатите е следна, трите предлози како што се Кренар Лога Фатмир Меџити, Азир Алију работеле во владата на ВМРО-ДПМНЕ, за која премиерот кажа дека е криминална, криминални фотелји итн., и сега мојата дилема е зошто ги внесува овие три министри во владата. Зошто, затоа што таа влада беше успешна, вие неуспешни па тие тројца сакате да ви погнат малку од малку да ви се крене авторитетот како влада“, нагласи Лозановска.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека нема енергетска револуција како што вели премиерот Ковачевски, туку ЕЛЕМ е доведен до загубар, во 5 те најголеми загубари во државата, се краде струја од европската мрежа, се увезува струја, се увезува јаглен, мазут.
„Да се навратам на експозето , ќе започнам од енергетската револуција која што сте ја направиле, можеби имате енергетска еволуција вие од власта неколку луѓе кои што се занимавате со производство на електрична енергија меѓутоа Македонија односно ЕЛЕМ е доведен до загубар. Во 5 те најголеми загубари во државата. Колку што знам крадете струја од европската мрежа, увезувате струја увезувате јаглен увезувате мазут. Меѓутоа рекетот очигледно ви е поинтересен отколку да произведувате струја за таква револуција зборуваме? Тоа не знам каква енергетска револуција е“, нагласи Лозановска.