Измените на законите се темелат на потребата на власта за крадење, наместо договорот да се темели на постоечкото право, се прави договорот па се менуваат законите, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска на денешната дебата.
Владата потпишува договори и презема дејствија кои не се нејзина област или надлежност и го става на страна Собранието.
„Носите закони со европско знаменце, а секоја држава во Европа има свој закон за експропријација, значи нема една универзална вредност во Европа кога станува збор за оваа област. И ЕУ ви укажа дека го злоупотребувате европското знаменце и затоа ќе ви кажам вие сте оние кои сте против Македонија да влезе во ЕУ, токму поради ваквиот начин на работење. Вас не ви одговара влез во ЕУ бидејќи вие не сакате да почитувате правни норми“, рече Лозановска.
И Лозановска се осврна на тоа дека законот е спротивен на уставниот поредок.
„Уставниот суд има одлука, а вашите правни норми, измени на законот се спротивни на истата. Антикорупциска ви укажува дека правите пропусти сега детално го разгледува договорот. Вие не почитувате никого ни институции, ни архитекти“, посочи Лозановска.
Таа укажа дека ваков договор мора да ги помине сите филтри, а овде имаме ситуација во која Владата не почитува ништо.
„Не се интересира Владата за јавниот интерес, тоа е многу видливо“, кажа Лозановска.