15.07.2022

Лозановска:Народот јасно ви  кажа дека не го прифаќа францускиот предлог

Олга Лозановска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска расправа посочи дека со Договорот кој го потпиша Заев за добрососедство ја отвори Пандорината кутија и стави почеток на остварувањето на империјалистичкиот сон на Бугарија. Таа исто така посочи дека Бугарија не признава дека постои македонски народ и македонски јазик, а со тоа целосно ја негира и македонската историја

-Следејќи го политичкиот циркуз и потезите на оваа предавничка и корумпирана власт последните неколку години, слушајќи ги шарените лаги на европските комесари колку пати што се занималавале со македонското прашање, толку пати Македонија и македонскиот народ биле понижени и обесправени и  дојдов до следниот заклучок и прашање. Дали македонскиот јазик, историја и идентитет се заштитени? Тука е најголемата замка, Европа вели да, ние ве сакаме, но реалноста е сосема различна бидејќи нобеловецот Заев потпиша договор за пријателство со кој ја отвори Пандорината кутија и стави почеток на остварувањето на империјалистичкиот сон на Бугарија во кој нивната територија која се протега од Охрид до Црно море. Да нема заблуди Бугарија не признава дека постои македонски народ и македонски јазик, а со тоа целосно ја негира и македонската историја и за ова мое тврдење постојат илјадници искази на претседатели, премиери и министри, рече Лозановска.

Таа во текот на своето обраќање во врска со францускиот предлог потенцираше дека народот кажа гласно дека не го прифаќа овој предлог.

-Ова значи дека билатералниот договор кој е дел од преговарачката рамка, нешто кое се случува за прв пат во историјата на ЕУ, билатерален договор да е услов за влез во унијата, никогаш нема да биде усвоен и реализиран  освен ако ние самите не извршиме етноцид и еден ден станеме Бугари кои зборуваат дијалект на Бугарски јазик, дека сите вклучени билатерални договори на оваа ненародна и корумпирана елита  на власт се на штета на македонецот. Не можам да разберам како разобличувањето на државата и народот во неа го доживувате како успех, врз коските на загинатите Македонци во Нивици потпишавте Договор  со кој се откажавте од македонското малцинство, станавме малцинство/ и сите институции наместо македонски ги претворивте во национални и не застанавте тука, туку побрзавте да се откажете од малцинството во Бугарија, се откажавте од јазикот. Ве прашувам уште еднаш тоа е успехот со кој се гордеете? Овој француски предлог за кој народот гласно ви кажува дека не го прифаќа е најголема замка во поновата историја на Македонија и неговото прифаќање предизвика целосно негирање на се македонско. Прифаќањето ќе стане велепредавство за кое некој еден ден ќе треба да одговара, додаде.