„Ако зборуваме за она што го чувствуваат граѓаните од оваа Влада ќе стане збор само за презир кон сето она што му се случува на обичниот Македонец денеска во оваа понижена држава. Зошто го зборувам ова ? Заради катастрофалните резултати кои ги покажуваа оваа Влада. Кога приоѓаме кон оваа реконструкција прашање е дали може да биде расипано нешто што не функционира, дали може да биде дополнително уништено што е веќе корумпирано до самата срж и корупцијата произлегува се разбира од самиот врв“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на денешната собраниска седница.
Тој истакна дека политика претставува донесување на одлуки кои се од јавен интерес. Но, дали станува збор за донесување одлуки од јавен интерес кога има реконструкција на Влада која се базира исклучиво на лични интереси и исклучиво на лични пазарења.
Лефков посочи дека е нехумано и недолично е после еден месец пазарење да ги убедуваат граѓаните дека не станува збор за партиски интереси.
„Далеку е власта од индикативноста затоа што ниту излегле на избори, ниту го слушнале овој народ, ниту пак знаат што сака да им каже народот. Едноставно живеете во меур составен исклучиво од корупција и од лични интереси. Лични интереси на енергетските фирми на вас како предлагач на ова разрешување, на вашиот кум, енергетските фирми видовме дека половина Влада постепено влегуваат во бизнисот со енергија. Не може таткото на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој е член во Влада да основа фирма за производство на електрична енергија, не може вашата сопруга покрај вашиот кум да влегува во бизнис со електрична енергија и не мое загрижува пазарењето што сте го направиле за овие кои ги гледаме затоа што тоа е само врвот на санката мраз“, кажа Лефков.
Лефков запраша за тоа уште колку пазарења Ковачевски направил и со кои други луѓе за да остане на власт, да купи уште некој месец?
„Тајмерот е уклучен, уште 10-тина месеци до крајот на вашиот купи ден помини мандат. Нема ништо што вие може да го направите што ќе го продолжи вашето владеење, за жал се продолжува вашата агонија затоа што ја видовме вашата неспособност и на што се базира вашиот економски модел“, дециден Лефков.
Со почит,