23.05.2023

Лашкоска: Владата со експропријацијата ќе направи голем грабеж

Невидено, несфатливо и неприфатливо измени на закон за експропријација да бидат со европско знаме. Не се работи за закон со европски вредности, туку тоа е процес што секоја земја го спроведува според свои правила, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната собраниска дебата за законите кои се однесуваат на реализација на договорот за коридорите 8 и 10д.Се прават погрешни работи, посочи Лашкоска.„Ги ставате општините на страна во овој процес, вас ќе ви требаат податоци токму од нив, и тие се клучни како ќе го спроведувате без податоци процесот за експропријација“, рече Лашкоска.Според неа сите работи Владата ги прави без никаква анализа.„Без разлика што ќе ги гласате проблемите ги има и допрва ќе ги има. Сега на непочнато се плаќаат пенали, а ќе се плаќаат дополнително“, вели Лашкоска.Лашкоска укажа дека со овој процес се планира само еден голем грабеж.„Има низа на неодговорени прашања што говори за работа без план, но со многу криминал. Од каде ќе обезбедите средства за експропријација, со Буџетот средства не се обезбедени, дали направивте пренамена на средства или дополнително ќе ја задолжувате државата, поточно граѓаните ќе ги враќаат парите“, посочи Лашкоска.