На денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски упати едно пратеничко прашање до Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Дали по објавеното видео каде се гледа како лицето Самет Месими среде бел ден пука од калашников, Министерството за внатрешни работи има направено претрес за да го пронајде огненото оружје, дали е поднесено кривична пријава и дали на истото лице му е одземено и друго оружје кое го поседува лицето?“, запраша Коцевски.
Коцевски истакна дека со години наназад извештаите говорат за недозволива партизираност и непрофесионалност на одделот за внатрешна контрола.
„Веќе шеста година како со државата владее ДУИ и СДС и веќе шеста година национална, политичка и економска катастрофа. Шеста година како Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го штити сопствениот и криминалот на ДУИ и СДС, најпрво тоа беа Груби и Заев, сега се Груби и Ковачевски. Заклучокот е се се’ менува само Артан Груби и Оливер Спасовски не.“, рече Коцевски.
Тој е дециден дека додека Спасовски е на чело на МВР нема ниедно убиство решено и за ништо нема дадено одговор.
„Покрај меѓународните и домашни извештаи како што е извештајот на народниот правобранител каде покажува дека нема јасна линија помеѓу криминалот и институциите што треба да се борат со криминалот и соработката на полицијата на Оливер Спасовски директно со криминалците и криминалот се става жестоко во одбрана на криминалот“, истакна Коцевски.
Коцевски заклучи дека нема кој не станал началник, директор а е пријател или партиски другар на Оливер Спасовски. Нема кој со правосилна пресуда судска пресуда за сторен криминал не се вработи на работа во министерство за внатрешни работи. Криминалците се главни по улиците па почнаа и да не бираат и време.