Ковачевски зборува за некаква европска агенда, а во извештаите на Европската комисија каде ги има правците по кои треба да се движи Македонија и просечната оценка од 2,53 за последната година е падната на 1,56, тоа значи дека сме многу далеку од Европа отколку што сакаат да прикажат. Ковачевски зборува за македонски јазик, а на 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик никаде не спомена македонски јазик, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски, на денешната собраниска седница.
Здравковски посочи дека додека власта се фали со некакви успеси во енергетскиот систем стопанството плаќа поскапи цени, а владата договори фиксна цена за гас, а цената на гасот паѓа.
– Зборувавте за енергетски центар, но да ве потсетам што се случува во енергетскиот систем. Се фалите со трансформација, но тоа производство во најголем дел е на приватни стопанственици, државата во таа трансформација. Што направивте за стопанството, до 30 јуни цената за малите потрошувачи беше 60 евра, а од 1 јули 223 евра за мегават час, ниската тарифа 163,3 евра. После се чудите зошто по 5000 фирми се затвораат. Очекувате дека некој ќе ги намали цените, а главниот импут формирањето на цените се енергенсите. Потпишавте договор за фиксна цена со странска компанија додека во меѓувреме паѓа цената на гасот, рече Здравковски.
Здравковски му порача на Ковачевски дека можеби требаше да смени и други министри како Бочварски или тие од ДУИ кои не смее да ги чепне.
– Патот Скопје-Велес, 29 месеци откако е почната реконструкција на 4 километри автопат и тоа во еден правец. Зборуваме за реконструкција. На двете патарини, велешката и скопската секој плаќа по 240 денари, во двата правци. Од Бочварски требаше да почнете. Абер нема да работи, и тоа е човекот кој призна дека не е згрешена трасата. Не чепкате во економија, ни во надворешни оти не смеете, изјави Здравковски.