15.02.2023

Ефтимов: Реконструкцијата и новата „Пазар 3“ коалиција се чисто од политички побуди

„Неколку дена разговараме за разрешување на министри од Владата на Република Македонија по предлог од премиерот. Клучно е тоа што се врши разрешување бидејќи за да се некој разреши треба да не ги исполнил очекувањата, да има направено одредени скандали кои се недолични за функционерот или да не може да се најде заеднички јазик со него. Меѓутоа кризата во владиното мнозинство дека е многу поголема потврдуваат неколку факти. Истата оваа „Пазар 3“ коалиција и реконструкција која сака власта да ја направи едноставно се изгуби во бермудскиот триаголник во кој самите запаѓате“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов на денешната собраниска седница.

Ефтимов изјави дека нема никакви реформи и никаков напредок во правосудниот систем.

„Немаме никакви реформи и никаков напредок во правосудниот систем а виновник сите прстот го вперија во Јавното Обвинителство во господинот Јовески и сега сеуште власта го предлага за Уставен судија и се вртите во круг. На кого ќе верувате сега на кандидатот за уставен судија кој сте го избрале или на вицепремиерката за владеење на правото“, кажа Ефтимов.

Тој додаде дека и извештаите на Европската Унија кажуваат дека нема никакви реформи во правосудството.

„Немате ништо направено во реформи во правосудниот систем и ова го кажуваат и извештаите на ЕУ која се оценети со 2, односно имаме назадување во однос на исполнување на условите за усогласување на нашето позитивно право со правото ан Европската Унија“, вели Ефтимов.

Ефтимов посочи дека ова ново коалицирање е чисто од политички побуди и е „Пазар 3“ коалиција.

„Сето ова што ние го зборуваме е доказ дека ова коалицирање е чисто од политички побуди и е „Пазар 3“ коалиција како што ја нарекоа а тоа го потврдуваат и изјавите на самите министри кои не ги разрешувате туку доставувате оставка. Еве конкретно Тупанчевски кој во моментот има поднесено оставка, а истиот во однос на исполнување на реформите кои се во стратегијата за реформи во правосудниот систем од 2017 до 2022 година потенцираше дека многу честото сменување на министрите довело до неисполнување на обврските од оваа стратегија“, истакна Ефтимов.
Со почит,