19.10.2025

Милошоски: Целиот југоисточен регион ќе добие компактна структура на локалните единици во соработка со власта

Гласањето и во Ново Село, Босилово, Василево, и во Радовиш, се одвиваат на мирен начин, фер и демократски услови, сега засега гледаме дека излезноста е задоволителна, очекуваме победа во Ново Село со сегашниот градоначалник, исто така и во Босилово, исто така очекуваме победа и во Радовиш со новиот кандидат за градоначалник и во Василево со Славе Андонов, сметам дека целиот југоисточен регион ќе добие една компактна структура на локалните единици на локална самоуправа, што во соработка со Власта ќе даде еден нов импулс за поддршка на општините.