05.10.2025

Божинов: Ќе изградиме современ рекреативен комплекс во Старо Коњарево, за забава и рекреација на младите


Најважна инвестиција е онаа во иднината, а нашата иднина се нашите деца. Затоа во Старо Коњарево на местото на поранешната караула ќе изградиме модерен детски рекреативен комплекс.

Таму ќе има спортски терени, сместувачки капацитети и простор за игра, спорт и забава, тоа ќе биде дом за младите од целата наша општина, но и место каде што ќе се организираат натпревари и дружења со млади од цела држава и пошироко.

Овој комплекс ќе биде симбол на младоста и иднината на општина Ново Село.

Оваа караула некогаш беше граница и разделба, но јас ја гледам како нов почеток и како место што ќе ги обедини децата и младите.

Тука ќе изградиме комплекс каде што ќе се слуша детска смеа, ќе се игра спорт и ќе се создаваат шампиони!